Париз: Укинувањето на санкциите ќе значи победа за Русија

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро изјави дека укинувањето на санкциите против Москва ќе ги ослаби обидите за решавање на кризата во Украина и „ќе ѝ ја даде победата на Русија“.

„Тоа ќе ја ослаби целта на решавањето на конфликтот и ќе биде победа за оние кои ја загрозуваат безбедноста на земјата. Откажувањето од „Минската спогодба“ ќе биде грешка за нашите стратешки интереси“, изјави Еро, пренесува „Взгљад“.

На тој начин Еро призна дека во Украина се работи за геополитичка конфронтација меѓу Русија и Западот. За ова зборуваат руските политиколози, но претставници на западните политички кругови ги отфрлаат таквите формулации.

Кандидатот за претседател на Франција Франсоа Фијон изјави смета дека прашањето на санкциите против Русија треба да се реши, како и во случајот со Косово, преку преговори. Политиката на Париз спрема Москва последниве години тој ја нарече „неуспешна“ и повика на воспоставување на дијалог.

Претходно во вторникот полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски не ја исклучи можноста санкциите на ЕУ против Русија можат да бидат проширени доколку не биде реализирана „Минската спогодба“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња