„Тоа прашање веќе не е актуелно, затоа што не постои таква потреба, денеска никој не зборува за тоа. Никакви воени мисии ниту на ОБСЕ, ниту на каква било друга структура, за што на периоди зборува Киев – никој дури и не помислува на тоа“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад“.
Според него, не е постигнат „никаков напредок“.
„Никаков напредок не беше постигнат денеска. Но истовремено, ја сметам за позитивна околноста што договорот на лидерите од 19 октомври не подлежи на сомневање, како што се случувало порано, вклучително и со „Минската спогодба“ и со одлуките кои беа донесени лани во октомври минатата година во Париз“, изјави тој.
Според него, министрите за надворешни работи на Русија, Германија, Франција и Украина се договориле да ја продолжат работата на ниво на министерства.
„Се договоривме да биде продолжена работата како во „Нормандиски формат“ на ниво на експерти-правници, воени експерти, дипломатски претставници, така и, се разбора, во контакт-групата и нејзините подгрупи, затоа што без овој формат е невозможно да се донесат некакви конечни решенија. Единствено таму, каде се застапени сите страни во конфликтот, мислам на киевската влада и претставниците на Донецк и Луганск, може да се склучи конечен договор“, изјави Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче