Кремљ: Невозможни се обидите на САД да се договорат со Русија за Сирија

Кремљ смета дека е тешко да се предвиди дали Русија и САД ќе успеат да се договорат за Сирија пред смената на американската администрација во јануари.

„Тешко е да се каже“, изјави за новинарите помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков, одговарајќи на соодветното прашање, пренесува РИА „Новости“.

Весникот „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на претставници на Стејт Департментот напиша дека државниот секретар на САД Џон Кери продолжува да ги вложува сите напори за постигнување договор со Русија за сириски Алепо, без оглед на неговото скорешно заминување од функцијата. Според изворите на изданието, Кери се плаши дека по инаугурацијата на Трамп САД можат да се најдат на страната на сирискиот претседател Башар Асад.

Како еден од таквите напори, насочени кон брзо постигнување договор со Русија за Сирија, весникот ги наведува телефонските разговори со својот руски колега Сергеј Лавров двапати неделно, како и неодамнешната средба на маргините на самитот на АТЕС во Перу.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња