Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович во текот на неговото сведочење преку видео линк за смртта на активистите на „Евромајдан“ изјави дека вооружениот конфликт во земјата го предизвикаа оние кои денес се на власт.
Анализирајќи ги настаните од зимата 2013/2014 година, Јанукович истакна дека токму лидерите на „Евромајдан“, вклучувајќи го и сегашниот обвинител Јуриј Луценко, беа првите кои повикаа луѓето на оружје. „Луценко и другите водачи на Мајдан повикуваа на вооружен конфликт и напад на резиденцијата на претседателот“, изјави Јанукович, пренесува „Взгљад”.
Токму овој табор кој беше за вооружен судир спречи, според мислењето на Јанукович, реализација на договорот кој беше потпишан тие денови меѓу претставниците на опозицијата и власта и кој „даваше можност мирно да се реши ситуацијата“.
„За жал, се случи така што најпрвин тие екстремисти ја освоија власта ноќта меѓу 21 и 22 февруари, ги освоија државните институции, потоа резиденцијата и почнаа да се подготвуваат да го задушат отпорот на истокот и на југот, каде што населението не беше задоволно од настаните во Киев. Тоа доведе до фактот луѓето во овие региони да бараа можност да се заштитат себеси и своите семејства“, изјави тој. „Така почна војната. Војната во Украина ја почна актуелната власт“.
Јанукович исто така изјави дека не наредил примена на оружје во растерувањето на демонстрациите на плоштадот на Независноста во Киев, туку дека Мајдан бил планирана специјална операција со цел промена на власта во Украина.
Поранешниот украински претседател Виктор Јанукович одговара на прашањата на судот во Киев преку видео-линк од Ростовскиот реонски суд во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче