„Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин му се јави на претседателот на Државниот совет и Совет на министри на Република Куба Раул Кастро и изрази од свое име и од името на целиот руски народ длабоко сочувство во врска со смртта на лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“.
Шефот на руската држава го опиша Фидел Кастро како „брилијантен политичар, патриот“, кој „несебично ѝ служеше на својата татковина, ја освои љубовта на кубанскиот народ и почитта на целата меѓународна заедница“ и го истакна големиот придонес на лидерот на кубанската револуција во воспоставувањето на пријателските и партнерски односи со Русија.
„Раул Кастро му се заблагодари на рускиот лидер за зборовите на поддршка, уверувајќи во непроменливоста на курсот за понатамошен развој на сестраната соработка со Русија“, додава Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче