Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство по повод смртта на лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро, истакнувајќи дека неговото име со право се смета за симбол на цела една ера во модерната историја на светот, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Изградената од него и неговите соборци слободна и независна Куба стана влијателен член на меѓународната заедница и служеше како инспиративен пример за многу земји и народи. Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија. Тој даде голем придонес за развојот на руско-кубанските односи и тесната стратешка соработка во сите области“, се вели во телеграмата со сочувство.
Како што истакна претседател на Русија, Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија, споменот за него ќе остане засекогаш во срцата на граѓаните на РФ. „Овој силен и мудар човек секогаш гледаше со доверба во иднината. Тој беше отелотворение на највисоките идеали за едеб политичар, граѓанин и патриот, искрено убеден во исправноста на каузата на која тој го посвети целиот свој живот“, се вели во телеграмата.
„Во овој тажен час молам да ги пренесете зборовите на сочувство и поддршка до сите членови на Вашето семејство. Ви посакувам храброст и упорност пред лицето на оваа ненадоместлива загуба“, се вели во пораката на рускиот претседател.
И премиерот на РФ Дмитриј Медведев изрази сочувство во врска со смртта на Фидел Кастро, истакнувајќи дека со него заминува цела епоха.
„Заедно со Фидел Кастро, без претерување, си замина цела историска епоха. Секогаш ќе се сеќавам на средбите со овој извонреден човек. Моето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите, до целиот кубанскиот народ“, напиша премиерот на својата страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“.
„Фидел Кастро проживеа голем живот, полн со настани и предизвици Тоа не беше само политичар и лидер. На прво место, тоа беше брилијантен човек, лидер“, истакна премиерот. „Пријателските, сојузничките односи меѓу нашата земја и Куба се изградени благодарение на неговиот личен ангажман“, убеден е Медведев.
Премиер потсети дека за последен пат разговарал телефонски со Фидел Кастро во август оваа година, кога кубанскиот лидер наполни 90 години. „Тој беше мошне заинтересирани за она што се случува во светот, во Русија, до последен момент беше со бистар ум и чуваше многу информации во главата“, изјави Медведев.
Фидел Кастро, историскиот лидер на кубанската револуција, основач и долгогодишен лидер на Куба, првата социјалистичка држава во западната хемисфера - почина во петокот вечерта во 91-та година од животот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче