Руските сили потврдија дека милитантите употребиле хемиско оружје во Алепо

Руските експерти имаат докази за септемвриските гранатирања.

Руски воени експерти докажаа дека сириските бунтовници употребиле отровен гас иперит против цивилното население во провинцијата Алепо. Гасот бил употребен во септември во селото Марат Ум Хауш, соопштија во петокот експертите на силите за радијациска, хемиска и биолошка заштита на ВС РФ.

„Експрес-анализата на содржината, извршена со помош на преносен инфрацрвен спектрометар, откри присуство на боен отров иперит. Од муниција се земени околу 20 мл мостра, муницијата е запечатена и испорачана на територијата на Центарот за помирување на завојуваните страни на градот Алепо за понатамошни истражувања“, изјавија експертите, пренесува „Интерфакс“.

Неексплодираното хемиско убојно средство е пронајдено при проверката на селото Марат Ум Хауш во близина на војничката касарна.

При нападот врз станбените квартови во септември повеќе од 40 лица беа повредени. Една од жртвите ги опиша настаните од тој ден и симптомите. Типичните знаци укажуваат на изложеност на иперит.

Иперитот е пронајдок од Првата светска војна, забранет од 1923 година. Претходно руските експерти проверија неколку области во провинцијата Алепо. На местата на терористички напади беше пронајдена муниција со хлор и траги од бел фосфор.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња