Атина има намера да води суверена политика во односите со Москва и руската флота може да се снабдува во грчките пристаништа, изјави за РИА „Новости“ извор во Министерството за национална одбрана на Русија.
Тој потенцираше дека за Атина е неприфатлив каков било притисок во однос на прашањето за снабдување на руските бродови. „Сите разговори за тоа се прекинати“, додаде соговорникот на агенцијата.
Позицијата на министерот за национална одбрана на Грција во однос на Русија е јасна – Русија не е наш противник, Русија е наш сојузник. Наши противници се „Исламската држава“ и терористичките организации. Никој друг“, изјави изворот.
На прашањето дали претседателот на САД Барак Обама го покренал ова прашање во текот на неговата посета на Грција, изворот одговори потврдно, но изјави дека „немаше притисок“.
„Дури и да сакаше Обама да изврши притисок, ние за тоа немаше да дискутираме“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче