„Политиката која четири и пол година ја водеше спрема Русија Франсоа Оланд е апсурдна, таа ја турка Русија кон огорченост, кон изолацијата, кон националистички активности. А тоа е најголемата земја во светот, нуклеарната сила и не треба да се постапува со не а на таков начин“, изјави Фијон во текот на дебатата со уште еден поранешен француски премиер Ален Жипе, два дена пред вториот круг од претседателските прелиминарни избори на десницата и центристите.
Според Фијон, Москва и Париз треба да седнат на преговарачка маса и да ги обноват изгубените врски.
„Во меѓународната политиката ќе се обидам Франција да ги заштити сопствените интереси. Се разбира дека не е во интерес на Франција да ја менува Алијансата, не треба да се замислува тоа како да е карикатура. Ние сме партнери на САД и ги споделуваме фундаменталните вредности кои ние не ги споделуваме со Русија. А исто така сме сојузници на САД и во сферата на безбедноста, за што не смее да има сомнежи“, додаде тој, пренесува РИА „Новости“.
В недела во Франција ќе се одржи вториот круг на внатрепартиските избори на партијата „Републиканци“ и нивните сојузници, по што ќе се утврди еден кандидат за претседателските избори во април 2017 година. Во првиот круг победи Франсоа Фијон, второто место му припадна на Ален Жипе.
Франсоа Фијон беше премиер на Франција во 2007-2012 година за време на претседателството на Никола Саркози.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче