„Странците често ме прашуваат што е суштината, специфичноста на Русија. Еве што е: пред два дена специјалните служби на Украина незаконски киднапираа двајца рски војници, а денес руските војници спасуваат украински морнари“, напиша Захарова на својот профил на „Фејсбук“.
Министерството за одбрана на Русија во средата соопшти дека рускиот противподморнички брод „Вицеадмирал Кулаков“ добил сигнал дека украински рибарски брод се наоѓа во неволја во Средоземното море. На бродот имало седум членови на екипажот. Група руски морнари и лекари се истоварила на украинскиот брод и им укажала на повредените медицинска помош.
Според информациите на министерството, украинскиот брод имал дефект и два дена плутал на отворено море, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче