„Никогаш никаква дискриминација немало кај нас. Секакви прашања, покривање на сите настани... Мислам дека никој не може да нѐ прекори дека на каков било начин сме се однесувале со дискриминација спрема некого“, изјави Захарова во програмата „Вечер со Владимир Соловјов“ на телевизијата „Русија 1“, пренесува РТ на руски.
Таа исто така не отфрла возвратни мерки доколку има притисок врз руските новинари.
„Ќе дејствуваме со реципроцитет и ќе одговориме, ако ги гибаат нашите, и ние ќе правиме така“, додаде Захарова.
Претходно таа изјави дека резолуцијата на Европскиот парламент за борба против руските медиуми е информациско злосторство.
„Тоа е злосторство, при постоење реална закана во вид на тероризам, фундаментализам, и не само тоа, при постоење средина во вид на национализам, ксенофобија, да го свртувате погледот на меѓународната заедница на сосем друга страна“, изјави Захарова.
Според неа, „само во расправа се раѓа вистината, само со имање неколку аргументи може да се сфати како да се дејствува понатаму“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче