„Ако е донесена таква одлука, тоа кажува дека ние гледаме апсолутно очигледна деградација во политичка смисла на зборот на претставата за демократијата во западното општество“, изјави Путин, пренесува „Комерсант“.
На руските новинари, против кои е насочена наведената одлука на Европскиот парламент, претседателот „им честиташе затоа што тие си ја вршат сосем активно, ефикасно и талентирано својата работа“.
Путин истакна дека првпат слуша дека таква одлука сепак да биде донесена, иако не е запознаен дека имало дискусија на оваа тема. „Сосем неодамна - и овие обиди сѐ уште траат – се обидуваа да нѐ учат на демократија, и ние секогаш од тие „учители“ слушавме дека најнеморалниот начин да се работи со противниците е нешто да се забранува, а тоа не е во согласност со принципите и нормите на демократијата. А најдобриот начин е секогаш отворената дискусија“, изјави шефот на руската држава. „Силно се надевам дека разумот ќе надвладее и навистина нема да видиме никакви ограничувања“, изјави Владимир Путин.
Денеска Европскиот парламент усвои резолуција со осуда на „руската пропаганда“. Дел од обвинувањата на адреса на руските власти се поддршката на пристрасни медиуми кои работат во Европа, фалсификување на историјата и обидите да се подели ЕУ. Меѓу предложените мерки од страна на авторите на документот се продлабочување на соработката меѓу ЕУ и НАТО, зголемување на „информациската писменост“ на Европејците и зајакнување на информативното емитување во областите населени со „народи, особено подложени на пропаганда“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче