МО РФ: СБУ грабна руски војници

Руските војници Максим Одинцов и Александар Баранов ја напуштиле територијата на Крим за да ги преземат ветените дипломи за завршено високо образование во Украина, изјави за РИА „Новости“ извор во штабот на Црноморската флота.

Во понеделникот Министерството за одбрана на Русија соопшти за грабнување на двајца руски војници. Според податоците на рускиот одбранбен ресор, припадници на Службата за безбедност на Украина незаконски ги задржале војниците Максим Одинцов и Александар Баранов.

„Украинските специјални служби се обидуваат да конструираат против Баранов и Одинцов кривична постапка, обвинувајќи ги за наводно вршење злосторства против Украина. Руското Министерство за одбрана не ја исклучува можноста дека со цел добивање на „потребните“ признанија руските државјани да бидат подложени на психолошки и физички притисок“.

Министерството за одбрана на РФ ги нарече дејствијата на Службата за безбедност на Украина „уште една груба провокација“ и бара неодложно враќање на руските војници.

На граничниот премин „Џанкој“ припадниците на СБУ преку посредник ги натерале заставникот Максим Евгеневич Одинцов и помладиот поручник Александар Вјачеславович Баранов заради наводно предавање на документи за стекнато високо образование во Украина да преминат на украинска територија, пренесе претставник на Црноморската флота. Како што рече изворот, штом ја напуштиле територијата на Крим, припадниците на СБУ ги однеле војниците во Николаевската област на Украина,  пренесува агенцијата РИА „Новости“.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков на прашањето дали има значење тоа што киднапираните се поранешни украински војници нагласи:

„Тие се државјани на Руската Федерација. Тоа е сега најважно“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња