Европа не треба да се меша во дијалогот меѓу свете суперсили, смета колумнистот на весникот „Франкфутер Алгемајне Цајтунг“ Волф Пуле.
„Русија, Кина и САД се светските центри на моќ. Нивната историја, потенцијалот и политичката структура им даваат предиспозиции за тоа“, пишува авторот.
Иднината, веројатно, ќе ги засили противречностите кои постојат меѓу трите пола на современиот свет, сепак појава на нов голем фактор на светската сцена е малку веројатен, смета авторот. Германија, како и целата Европска унија, треба да „молчи“ и да се однесува крајно воздржано, смета новинарот.
Перспективата на гарантираното заемно уништување треба да ја одвраќа „големата тројка“ од непромислени чекори, сепак никој досега не успевал да оствари политички цели само со заплашување, пишува колумнистот. Во овој контекст разговорот меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп што се одржа на 14 ноември, може да стане историска знаменитост во односите меѓу двете суперсили.
Според мислењето на авторот, разговорот го посведочи новиот статус на Русија – еднаков партнер. Пуле претпоставува дека руското раководство со години се стремело кон таков вид на признание и токму сега пред Москва и Вашингтон се отворија можности за потполна соработка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче