„Неофицијалниот назив на оделата, дизајнирани од НПП „Ѕвезда“ со учество на специјалисти на ЦПК „Гагарин“ е „Бела мечка“. Во ова одело космонаутите ќе се чувствуваат удобно, дури и на температура од -40 степени Целзиусови. Друга негова карактеристика е таа што кое брзо да се соблече и облече. Односно, космонаутот не треба да вложи многу напор за да го соблече пред влегувањето во транспортниот вселенски брод со екипаж, доволно е само да го откопча неговиот преден дел кој се држи само на лепенки и кукички и слободно може да излезе од него“, изјави Гајдуков, водечки специјалист за обука на космонаути за системите за одржување на живот на вселенските летала со екипаж, пренесува „Взгљад“.
Во оделата „Бела мечка“ беа облечени космонаутот на „Роскосмос“ Олег Новицки, астронаутот на НАСА Пеги Витсон и астронаутот на ЕКА Тома Песке кратко време пред полетувањето на Меѓународната вселенска станица.
Според него, „Белите мечки“ не предизвикуваат дополнителни непријатности и ги имаат истите својства за термичка изолација, како и оделата кои космонаутите ги облекуваат по слетување во зимски услови во степите на Казахстан. „Бела мечка“ исто така користеа космонаутот на „Роскосмос“ Роман Романенко, астронаутот на НАСА Томас Машбурн и канадскиот астронаут Крис Хедфилд во декември 2012 година пред лансирањето на вселенското летало „Сојуз ТМА-07M“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче