Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова влезе на листата од 100 највлијателни жени според британски Би-Би-Си.
Како што се истакнува на сајтот на компанијата, таа е номинирана во категоријата „Политика“.
„Таа е првата жена во историјата на чело на Одделот за информација и печат која ја врши таа функција. Таа остави впечаток со својот борбен и впечатлив стил“, се вели во кратката биографија на Захарова што ја објави Би-Би-Си.
Истовремено со Захарова, меѓу највлијателните жени на светот во категоријата „Политика“ влегоа и поранешната министерка за правда на Франција Рашида Дати, јавниот деец од Пакистан Карима Белуџ, пејачката и активистка од Хонгконг Дениз Хо и политичката активистка од Демократска Република Конго Алина Мукови Нејома.
Од руските претставнички на рејтингот на Би-Би-Си, освен Захарова, се најде само спортистката Јулија Степанова, која стана еден од главните информатори на Светската анти-допинг агенција (ВАДА). Врз основа на нејзиното сведочење и сведочењето на нејзиниот сопруг, поранешен службеник на РУСАДА Виталиј Степанов, се разгоре скандалот што доведе до исклучување на руските спортисти од Олимписките игри во 2016 година во Рио.
Претходно годишен рејтинг на највлијателните жени на светот го презентираше магазинот „Форбс“. На прво место издание ја стави Ангела Меркел, а на второто - Хилари Клинтон. Единствената Русинка – првиот човек на Банката на Русија Елвира Набиулина – се најде на 56 место на рејтингот, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче