Путин: не секогаш ја разбирам логиката на нашите партнери од НАТО

Практиката на донесување на одлуки во НАТО предизвикува загриженост, а Руската Федерација е принудена да презема контрамерки, изјави претседателот на РФ Владимир Путин.

Путин истакна и дека западните партнери намерно бараат надворешен непријател со цел да ја задржат дисциплината во своите држави.

Коментирајќи ги настаните во Украина и присоединувањето на Крим со Русија, тој рече дека последиците во случај на појава на САД и НАТО во поморската база Севастопол можеле да бидат многу тешки.

„Многу тешки, затоа што сама по себе таа база не значи ништо. Но, еве што би сакал да го истакнам, една нијанса. Зошто толку остро реагираме на проширувањето на НАТО? Ние сме загрижени поради практиката на донесување одлуки. Знам како се донесуваат одлуките. Кога една земја ќе стане членка на НАТО, за неа е веќе многу тешко да се спротивстави на притисокот од таква голема земја, лидерот на НАТО, САД. И таму  лесно може да се појави сѐ што сакате. Системите за противракетна одбрана и нови бази и, ако има потреба, и нов офанзивен систем. И ние што да правиме? Ние треба во овој поглед да преземеме контрамерки, односно да ги ставиме под удар на нашите  ракетни системи оние објекти кои, според нашето мислење, почнуваат да ни се закануваат. Ситуацијата нѐ присилува“, изјави рускиот претседател интервјуто за филмот на Оливер Стоун „Украина во оган“, чија премиера ќе се одржи на 21 ноември на телевизијата РЕН ТВ во 17 часот по московско време.

„Не секогаш ја разбирам логиката на нашите партнери. Понекогаш добивам впечаток дека треба да ги држи во потчинетост и да воспостават дисциплина во својот западен таканаречен атлантски кампус. За тоа е потребен надворешен непријател. И покрај сета загриженост, Иран за тоа многу не одговара“, додаде Путин, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња