Медиум: Путин согласен да ѝ даде на Србија шест ловци МиГ-29

Русија ќе ѝ даде на Србија шест ловци МиГ-29.

Претседателот на Русија Владимир Путин се согласил без надомест да ѝ даде на Србија шест авиони МиГ-29 на Министерството за одбрана на РФ, соопштува порталот opex360.com.

Белград треба да потроши околу 50 милиони долари за претпродажна подготовка на ловците, како и за мала модернизација.

На 11 ноември беше соопштено дека Русија изразила подготвеност да ѝ предаде на Србија ловци МиГ-29 и неколку единици оклопна техника. Ова прашање се дискутирало зад затворени врати на 15 седница на Меѓувладиниот комитет за трговско-економска и научно-техничка соработка во Суздаљ.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ тогаш ја потврди информацијата за авионите. Тој го нарече тоа знак на искрена соработка, доверба и пријателство.

Точната модификација на Миг-29 која ќе ја добие Србија е засега неизвесна. Воените стручњаци кои ги контактираше „Лента.ру“ изјавија дека станува збор најверојатно за МиГ-29 од раните серии.

Можна е модернизација во варијантата МиГ-29СМТ, која се одликува со зголемен обем на резервоарите за гориво, можност за дополнување на гориво во воздух и подобрена опрема, која овозможува употреба на ракети „воздух-земја“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња