Путин и Абе се сретнаа во Лима

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека во блиска иднина се очекува посета на јапонскиот министер за надворешни работи на Русија, кој исто така ќе разговара за подготовката на претстојната посета на рускиот претседател на Јапонија.

Москва и Токио детално се подготвуваат за претстојната посета на рускиот претседател на Јапонија во декември. На ова беше во голема мера посветена средбата што се одржа во саботата на маргините на самитот на АПЕК меѓу претседателот Владимир Путин и јапонскиот премиер Шинзо Абе, пренесува ТАСС.

Како што соопшти портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, во блиска иднина се очекува да ја посети Русија јапонскиот министер за надворешни работи кој исто така ќе разговара за подготовка на посетата. „За многу прашања сѐ уште треба да се разговара, за да можат претседателот и премиерот за време на посетата да се движат по „подготвена почва“, рече Песков.

На средбата Путин истакна дека во текот на шесте месеци од оваа година, трговската размена опаднала за 36% во споредба со истиот период минатата година. „Претседателот истакна дека за тоа постојат природни причини поврзани со глобалната конјунктура, како и причини предизвикани од последиците на политичките потези на трети земји“, појасни Песков.

Според него, во текот на преговорите се разговарало и за конкретни проекти за соработка.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња