Пентагон планира да се откаже од руските хеликоптери Ми-17 за Авганистан

Група за иницијатива на членовите на Конгресот на САД соопшти дека Пентагон официјално се откажа од купување руски хеликоптери Ми-17 и сега има намера да купува само американски хеликоптери UH-60A Black Hawk на компанијата „Сикорски“.

„По напорите на сенаторот Ричард Блументал, сенаторот Крис Марфи и на пратеничката во Претставничкиот дом Роза Делауро, Министерство за одбрана на САД има намера да стави крај на зависноста од хеликоптери произведени во Русија кои се користат за авганистанските сили за национална одбрана и безбедност. Министерството за одбрана има намера да продолжи да се префрли на произведените во државата Конектикат хеликоптери Black Hawk“, ја цитира РИА „Новости“ изјавата на членовите на Конгресот од Конектикат.

Еден од сенаторите изјави дека потегот „се надзираше одамна“. Според него, купувањето на руски хеликоптери беше „апсурд кој сега ќе биде запрен“. Дел од членовите на Конгресот во нивните изјави потсетија на несогласувањата со Русија за Сирија и Украина и ја поздравија одлуката на Пентагон. Од Пентагон немаше коментар за ситуацијата.

Претходно извршниот директор на „Рособоронекспорт“ Сергеј Гореславски соопшти дека во 2015 година САД ги укинаа санкциите против „Рособоронекспорт“ за договори за одржување на хеликоптерите Ми-17 во Авганистан. Делумното повлекување на американските санкции подоцна беше потврдено од страна на МНР РФ.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња