Почна модернизацијата на ракетниот систем „Искандер-М”

Модернизацијата ќе овозможи системот да се користи до 2030 година.

Руските претпријатија од воената индустрија почнаа со работа на модернизација на ракетниот систем „Искандер-М”, што ќе овозможи експлоатацијата на системот да се продолжи до 2030 година, соопшти началникот на ракетните сили и артилеријата на Вооружените сили на Русија генерал-потполковник Михаил Матвеевски.

„Претпријатијата од одбранбената индустрија на Русија работат на модернизација на системот со цел унапредување на неговите борбени и кориснички карактеристики", изјави Матвеевски, пренесува „Взгљад”.

Тој истакна дека значителната можност за модернизација на системот „ќе овозможи тој да се одржува на современо ниво до 2030 година“.

Генералот истакна дека во моментов „Искандер-М” е најдобриот ракетен систем во својата класа, затоа што е во состојба да совлада секаква противракетна одбрана.

Тој додаде дека руските ракетни сили и артилеријата со постари модели во целост ќе бидат заменети од оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М”. „До 2020 година сите единици на ракетните сили ќе добијат ракетни системи „Искандер-М“, изјави Матвеевски.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња