Синџирот ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ ѝ понуди на Ксенија Собчак, ТВ ѕвезда и водителка, рекламен договор во кој таа треба да го крсти своето новородено синче според „Бургер Кинг“, во замена за голема сума пари што ќе ја добива секоја година, се вели во соопштението за медиумите што го пренесува „Лента.ру“.
„Ако младите родители го крстат нивното дете Кинго, „Бургер Кинг“ ќе им плаќа 100 милиони рубли (1,5 милиони долари) годишно додека тоа не стане полнолетно“, изјавија претставниците на „Бургер Кинг“. Компанијата исто така рече дека „Кинго“ е името на играта на мобилната апликација на „Бургер Кинг“, во која корисниците можат да добијат слушалки или патување во Тајланд.
„Кинго може да се преведе како „малиот крал“. Кинго Собчак или Кинго Виторган звучи прекрасно“, коментираат од „Бургер Кинг“.
На 18 ноември Ксенија Собчак роди син во болницата Лапино, надвор од Москва. Според извештаите на медиумите се наведува дека породувањето поминало добро и дека и мајката и бебето се чувствуваат добро.
Во септември „Бургер Кинг“ испрати писмо до претседателот на фудбалскиот клуб Зенит, Александар Дјуков, нудејќи му да го смени името на тимот во „Зенит-Бургер Кинг“. Компанијата соопшти дека е подготвена да му плати на клубот од Санкт Петербург 500 милиони рубли (7,7 милиони долари) за „истовремената спонзорска поддршка“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче