Во Русија блокирана социјалната мрежа LinkedIn

„Роскомонадзор“ ја впиша деловната социјална мрежа во регистарот на прекршители на законот за лични податоци.

„Роскомнадзор“ ја внесе деловната социјална мрежа „ЛинкдИн“ (LinkedIn) во регистарот на прекршители на правото на субјектите на лични податоци  и испрати известување до комуникациските оператори за блокирање на врските на оваа мрежа, соопшти за „Интерфакс“ Федералната служба за надзор во сферата на телекомуникациите, информативните технологии и масовните комуникации.

„Врз основа на одлуката на судот која стапи во сила, социјалната мрежа „ЛинкдИн“ е внесена во регистарот на прекршители на правата на субјектите на лични податоци и е испратена до операторите на  за блокирање“, се вели во соопштението на сајтот на „Роскомнадзор“.

Портпаролот на „Роскомнадзор“ Вадим Ампелонски прецизираше дека во текот на денешниот ден операторите треба да ја извршат наведената одлука.

Претходно на 10 ноември Московскиот градски суд ја уважи тужбата на „Роскомнадзор“ против „ЛинкдИн“ за заштита на правата на неограничен број на лица-субјекти на лични податоци и донесе одлука за блокирање на социјалната мрежа.

Претходно „Роскомнадзор“ бараше од администрацијата на социјалната мрежи да ги префрли серверите за чување на личните податоци на руските корисници на територијата на Руската Федерација според новиот закон. Регулаторот, исто така, побара од мрежата промена на корисничкиот договор во кој личните податоци на руските корисници може да се предаваат на трети лица без нивно знаење.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња