ВКС Русија извршија напад со крстосувачки ракети врз цели во Сирија

Стратешките бомбардери Ту-95МС на Воздушно-космичките сили на Русија во четвртокот извршија напад со крстосувачки ракети врз објекти на „Исламската држава“ и „Џебхат ан Нусра“ во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Крстостувачките ракети биле истрелани врз терористите во Сирија од реон над акваторијата на Средоземното море. Притоа маршрутата на носачите на ракети кои го извршија нападот, минувала над акваторијата на северните мориња и источниот Атлантик. Координатите на целите за сите удари биле проверени и потврдени преку разузнавачки канали, соопшти Министерството за одбрана, пренесува „Взгљад“.

Министерството истакна дека авионите полетале од еден од аеродромите на територијата на Русија и, со две полнења на гориво во воздух, прелетале над 11 илјади километри.

„Цели на нападот беа командни места на терористите, складишта со оружје и муниција, воена техника и погони за производство на оружје“, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

По ракетниот напад во Сирија, авионите на ВКС Русија се вратиле на својот аеродром.

„Во нанесувањето ракетно-бомбашки удари беа вклучени и бродските ловци Су-33 од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ и јуришната авијација од аеродромот Хмејмим. Покривањето го вршеа авиони Су-30“, се вели во соопштението.

Во вторникот министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ почна да учествува во борбените дејствија во Сирија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња