Помошникот на Путин откри детали од разговорот со Трамп

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков откри детали од разговорот на Путин со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп траеше околу половина час и во текот на истиот страните изразија подготвеност да соработуваат. Ова го изјави помошникот на шефот на руската држава Јуриј Ушаков, пренесува „Лента.ру“.

„Беше потенцирана нашата подготвеност да соработуваме со новата администрација врз принципи на рамноправност, почитување на меѓусебните интереси и врз принципите на немешање во работите на другиот“, изјави Ушаков, додавајќи дека овој став го поддржал и Трамп.

Според Ушаков, републиканецот е заинтересиран за интензивна соработка со Кремљ. „Од страна на Трамп беше изразена подготвеност за активен развој на односите и со Русија како земја, и со руското раководство и лично со претседателот Путин“, додаде помошникот на претседателот.

Во текот на разговорот страните се осврнале и на соработката меѓу двете земји за сириското прашање кое, како што истакна Ушаков, се одвива со незадоволително темпо.

Претходно во четвртокот портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков ги нарече лажни соопштенијата за можната посета на Трамп на Москва.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња