Песков: информациите за посета на Трамп на Москва се „новинарска патка“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги демантира информациите за можна посета на Трамп на Русија по инаугурацијата на новиот американски претседател.

Засега нема никакви разговори за посета на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп на Русија, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Тоа е апсолутно непроверена информација, наликува на новинарска патка“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето за можна посета на Трамп по неговата инаугурација, пренесува РИА „Новости“.

Портпаролот на Кремљ додаде дека воопшто немало разговори за таква посета пред инаугурацијата и „нема некакви конкретни информации што ќе се случи по инаугурацијата“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња