Шефот на полската дипломатија со услови за подобрување на односите со РФ

Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски ја коментираше изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за обновување на политичкиот дијалог меѓу земји, наведувајќи услови за подобрување на односите со Русија.

Путин минатата недела, за време на примањето на акредитивните писма од новите амбасадори во Руската Федерација, вклучително и од дипломатскиот претставник на Полска Влодзимеж Марчињак, изјави дека Москва е подготвена на обнова на политичкиот дијалог со Варшава врз основа на меѓусебно почитување и прагматизам и Москва, од своја страна, е подготвена да направи сѐ за да се постигне оваа цел.

„ Се согласувам со оваа оценка, само би го потенцирал зборот „меѓусебно“. Ако Русија бара од нас почит и прагматизам, ние, исто така, го бараме тоа од неа. Претседателот Путин вели дека е подготвен да стори сé, јас одговарам: не треба сѐ, нека почне со тоа што ќе ги даде остатоците (од авионот во кој загина претседателот на Полска Качински во близина на Смоленск – заб. на ред.) и ќе ги укине економските санкции наметнати на Полска. Тогаш ќе се вратиме на прагматичниот разговор“, изјави Вашчиковски во интервју за агенцијата PAP.

„Русија не треба прави сѐ, има неколку прашања, гестови кои би можела да ги направи и кои значително би ги подобриле односите“, заклучи полскиот министер.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња