МНР РФ: Сите напади на Русија во Сирија се селективни и проверени

„Сите наши напади во Сирија се селективни, со соодветна моќ и проверени, а со припишување на секакви етикети се занимаваат оние кои на политички или друг начин дејствуваат против Русија“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Сите напади на руските сили во Сирија се селективни, соодветни и проверени, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Не можам да го потврдам вашиот опис на овој напад“, изјави тој, одговарајќи на новинарско прашање дали учесниците во Лозанскиот формат се информирани за изведбата на „големиот напад“, пренесува „Взгљад”.

„Сите наши напади во Сирија се селективни, со соодветна моќ и проверени, а со припишување на секакви етикети се занимаваат оние кои на политички или друг начин дејствуваат против Русија“. Второ, што се однесува до каналот за комуникација и информирање на другите колеги за активностите во Сирија – со тоа прашање се занимава Министерството за одбрана. Тие посветуваат големо внимание на тоа. Комуникација не оди само преку каналите на воените аташеа во Москва, туку се одвива и индиректно. Што се однесува до Американците, воените контакти не се запрени, тие продолжуваат, вклучително и во Женева, каде што се наоѓаат воените делегации“, изјави рускиот дипломат.

Вчера телевизискиот канал „Ал Манар“ соопшти дека сириските воздухопловни сили извршиле напади врз терористите во источните региони на Алепо, дека селективни напади се изведени врз позициите и терористичките групи во населбите Ханано, Ел Хајдари, Катарџи и Кади Аскар.

Руското Министерство за одбрана ги демантираше извештаите во медиумите за наводното бомбардирање на „трета болница во еден ден“ во Алепо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња