Прелиминарните формулации на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој ги поистоветува настаните на Крим и во Донбас со воен конфликт меѓу Украина и Русија, се спротивни на реалноста, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува „Взгљад“.
„Тоа е ставот што го зазеде земјата, раководејќи се токму од националните интереси“, изјави Песков.
„Не. Вие знаете дека Руската Федерација не беше де-јуре под јуриздикција на тој суд. Во наведениов случај тоа е едноставно формализација, затоа што, знаете дека тој документ таму беше потпишан, но не и ратификуван. Но, таквата формулација, несомнено, е апсолутно спротивна на реалноста, таа е спротивна на нашиот став, и што е најважно, таа е во спротивност со ставот кој граѓаните го искажаа на референдумот на Крим, кога донесоа одлука за влез во состав на Руската Федерација“, рече Песков.
Истото, според него, се однесува и на формулацијата за Донбас. „Тоа е спротивно на реалноста, затоа што, всушност, Донбас е граѓанска војна во Украина, тоа е внатрешен украински конфликт“, потенцираше портпаролот на Кремљ.
На 15 ноември на сајтот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) беше објавен извештај со резултатите од прелиминарната истрага за настаните што се случија на Крим и на истокот на Украина од ноември 2013 година. Документот го состави обвинителот на МКС Фату Бенсуда.
Обвинителот го изедначени присоединувањето на Крим со Русија со меѓународен конфликт. Според иследниците на МКС, во настаните на полуостровот постојат знаци на сериозни кривични дела извршени со премолчена согласност на руските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче