Две третини од Русите го сакаат Путин за претседател и по 2018 година

Речиси две третини од Русите (63%) сакаат да го видат Владимир Путин на функцијата претседател на Русија по 2018 година, велат податоците од истражувањето на „Левада-центарот“.

Речиси две третини од Русите (63%) сакаат да го видат Владимир Путин на функцијата претседател на Русија по 2018 година, додека само 26% од испитаниците веруваат дека до тој рок во земјата може да се појави нов лидер способен да го замени, велат податоците од истражувањето на „Левада-центарот“ што ги објавува во средата „Ведомости“.

Според податоците на весникот, 18% од Русите не би сакале да го видат Путин како претседател на земјата по 2018 година, а 49% од испитаниците одговориле со „не“ на прашањето за можна појава на алтернатива на Путин. Во октомври 2012 година, само 34% од Русите изразија желба да се продолжи мандатот на Путин на власт, а речиси половина од испитаниците (49%) сметаа дека во Русија може да се појави човек, способен да го замени сегашниот лидер.

Според мислењето на социологот на „Левада-центарот“ Денис Волков, чии зборови ги пренесува „Ведомости“, по 2008 година поддршката за властите опаѓала, додека се зголемувал бројот на оние кои веруваат дека земјата оди во ќорсокак и дека пред кримските настани легитимитетот на власта останувал на ниско ниво - и покрај фактот што таа се справи со протестите.

„Но, веднаш откако го припои Крим, власта покажа дека Русија повторно се раѓа како голема сила и врз тој национализам ситуацијата радикално се промени. Рејтингот на партијата на власт опадна, но рејтингот на претседателот се одржува на истото ниво. Така што 63% од Русите, кои сакаат да го задржат на функцијата, се блиску до овие бројки“, истакна Волков.

Како што појасни социологот, за нов лидер зборуваат оние (според анкетата такви се 26%) „кој не е задоволен од животот, кој би сакал на власт да биде некој друг, но притоа малкумина знаат како функционира политичкиот систем“.

„Последниве неколку месеци се гледа подобрување на самочувството на Русите. Затоа, подготвеноста да гласаат за Путин на изборите, најверојатно, ќе се намалува, но бавно. И сѐ додека не постои опасност од пад на рејтингот, односно веројатност дека во претседателската кампања ќе учествуваат активни играчи, за да се подигне интересот за неа. Очигледно, кога ќе се дискутира за сценариото на кампањата, ќе се обрне внимание на тоа со колкава брзина се намалува нивото на поддршка за Путин“, изјави Волков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња