Путин имаше телефонски разговор со Трамп

Претседателот на Русија Владимир Путин имапе телефонски разговор со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, соопштува прес-службата на Кремљ.

Се истакнува дека Путин уште еднаш му ја честитал победата на Трамп на изборите и му посакал успех во реализацијата на предизборната програма. Рускиот лидер ја истакнал подготвеноста на Москва за партнерски договор со новата администрација „врз принципи на рамноправност, заемно почитување и немешање во внатрешните работи на другиот“.

Страните се согласиле дека во моментов руско-американските односи преживуваат сложен период и се заложиле за активна работа за нивна нормализација, се вели во соопштението на прес-службата. Особено, соговорниците ја истакнале важноста на развојот на трговско-економските врски и обединување на напорите во борбата против меѓународниот тероризам.

Путин и Трамп се договориле да ги одржуваат контактите по телефон, а во иднина да се сретнат и лично. Со подготовката на средбата ќе се зафатат претставниците на страните, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња