Обама и Ципрас разговараа за задржување на санкциите против Русија

Американскиот претседател Барак Обама дискутирал со грчкиот премиер Алексис Ципрас за потребата од задржување на санкциите против Русија.

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека дискутирал со премиерот на Грција Алексис Ципрас за потребата од задржување на санкциите против Русија, како и за размена на разузнавачки информации за тероризмот.

„Исто така дискутиравме за размена на разузнавачките информации на НАТО, за спречување на терористички напади, како и за важноста на зачувување на санкциите сѐ додека Русија заедно со Украина не ја исполнат во целост „Минската спогодба“, изјави претседателот на САД на прес-конференција со Ципрас во Атина.

Прес-конференциата ја пренесува американските ТВ-канали, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња