Москва ќе одговори на проширувањето на санкциите од страна на Вашингтон, но главен предизвик сега е фокусирањето врз позитивна агенда во односите со САД по заминувањето на администрацијата на Обама, изјави за РИА „Новости“ рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков коментирајќи го новото проширување на листата со санкции на Вашингтон.
Министерството за финансии на САД го дополни списокот со санкции со шест пратеници на Државната Дума од Крим.
„Нашиот одговор, се разбира, ќе следи. Ние сега нема да објавиме во која форма и во каков вид ќе биде даден“, рече Рјабков.
Според него, проширувањето на листата на санкции на САД во однос на РФ е манифестација на апсолутно банкротираната политика на администрацијата во заминување на претседател Барак Обама.
Зад оваа одлука не стои „ништо, освен изложување на внатрешна празнина и отсуството на дури и минимално разбирање (од страна на САД) на современите реалии, особено, на околностите кои доведоа до присоединувањето на Крим“ со Русија, потенцираше заменик-министерот за надворешни работи на РФ.
„Жалиме што администрацијата, чие постоење ќе престане по 60 дена, продолжува да се држи до своите фантоми и покажува не само недостаток на логика, туку и на најмала желба некако да се подобрат сериозно разнишаните, во суштина, уништени од страна Вашингтон односи со Русија“, рече Рјабков, и изрази надеж дека на местото на администрацијата на Обама ќе дојдат луѓе кои ќе имаат поодговорен пристап кон односите со РФ.
„Нашата задача е поинаква – да гледаме во иднината, да се фокусираме на позитивна агенда откако авторите на оваа катастрофална политика ќе заминат, а на нивно место ќе дојдат, се надевам, луѓе кои поодговорно им пристапуваат на односите со Русија“,заклучи Рјабков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче