Федералната служба за безбедност на РФ соопшти дека привела членови на група поврзана со „Исламската држава“ кои подготвувале терористички напади во Москва и Ингушетија.
Групата ја основал емисар на ИД кој беше убиен во специјална операција во Ингушетија на почетокот на октомври.
Приведени се пет членови на групата. На територијата на објектот каде што се криеле приведените лица и во специјално изградено засолниште припадниците на ФСБ открија арсенал: пет парчиња лесно оружје, две рачно изработени бомби тешки по 10 килограми ТНТ и делови од снајперска пушка, пренесува РИА „Новости”.
Федералната служба за безбедност објави и снимка од приведувањето на петте членови на групата во Москва и Ингушетија. На снимката, меѓу другото, може да се види како припадниците на ФСБ ги приведуваат екстремистите (во стан во Москва и во приватна куќа во Ингушетија).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче