Украинскиот лидер Петро Порошенко изјави дека ниту една држава во светот, освен Северна Кореја, го нема признаено Крим за руски.
„Но САД не се Северна Кореја, затоа ајде да го почитуваме народот на САД и нивниот претседател. Јас не можам дури ни да си замислам таква ситуација“, изјави претседателот на Украина, пренесува „Интерфакс-Украина“.
Во јули Трамп изјави дека, во случај да биде избран за претседател на САД, подготвен е да го проучи прашањето за можно признавање на Крим како дел од Русија и за укинување на санкциите против Москва, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче