Росгвардија ќе добие мобилни радари од серијата РO-900 кои ќе ѝ овозможат да го „види“ терористот преку ѕидовите и да ја пресмета траекторијата на неговото движење од безбедно растојание, соопштува „Известија“.
Уредот, развиен од страна на групата компании „Логистика-Геотех“, работи на принципот на георадар-локатор, способен да ги пренесува радио брановите не само преку воздух, но исто така и преку ѕидовите и земјата. Дисплејот на апаратот ќе ги прикажува податоците за времето и растојанието и движење на објектот во вид на црвени ленти кои се движат по дијагонала.
Како што истакнува раководителот на одделот за средства за инженериско истражување на „Логистик Геотех“ Игор Веденеев, „Стеновизор РО-900“ ги поминал сите испитувања и во моментов се испорачува на една од руските специјални служби, а следната година ќе стане дел од вооружувањето и на Росгвардија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче