„Имавме контакти со луѓе кои го поддржуваа и Трамп и, се разбира, ја поддржуваа Клинтон“, изјави Захарова за телевизијата „Русија 1“. „Во првиот случај имаше контакти меѓу нашата амбасада – нашиот амбасадор е активен во оваа смисла, тој се среќава со сенатори - тоа беа сенатори-републиканци. Не само амбасадорот се среќаваше, имаше контакти со луѓе кои го поддржуваа Трамп. Едноставно да разбере што доаѓа, каква е агендата“. Покрај тоа, изјави дипломатот, приврзаници на Хилари Клинтон во неколку наврати доаѓале до Москва.
„Ниту во едниот, ниту во другиот случај ние не му придававме на тоа големо значење, затоа што тоа е нормално работење, дипломатска рутина“, истакна Захарова.
Претходно заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков исто така истакна дека руските власти контактирале со тимот на Трамп во текот на изборната кампања, и дека таа работа продолжува.
„Тоа се моменти во работата, и континуитетот на едни или други активности зависи од ситуацијата и прашањата со кои се соочуваме. Но, ние ја продолжуваме таа работа, се разбира, и по изборите, исто така“, рече Рјабков, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.
Захарова, исто така, објасни и зошто изјавите за контакти на претседателските кандидати со Русите предизвикикуваат кај некои Американци бурна реакција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче