Според информациите на „Телеграф“, ова прашање за Форин офисот ќе биде приоритет „број еден“.
Претходно, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Вол Стрит Џурнал“ изјави дека во Сирија е потребна борба против терористичката група „Исламска држава“, а не обиди за соборување на претседателот Башар Асад.
Изданието пишува дека Велика Британија е на работ на дипломатска криза со САД во врска со плановите на Трамп за создавање со рускиот претседател Владимир Путин сојуз за поддршка на сирискиот режим. Британските официјални лица наскоро ќе мораат да одржат „многу сложени“ преговори со Трамп по повод неговата позиција во однос на Русија, пишува весникот. Вработените во Министерството за надворешни работи на Велика Британија сметаат дека тоа ќе биде „неверојатно тешко“, но Лондон нема намера да го смени својот став.
„Нам ни е апсолутно јасно дека за Асад нема место во иднината на Сирија. На неговите раце е крвта на 400 илјади луѓе“, цитира весникот претставник на Форин офисот.
Претходно портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека Кремљ се надева дека по доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД, Русија и САД ќе ги зближат своите позиции во однос на сириското прашање, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче