Џулиани: Трамп е настроен на соработка со Русија од позиција на сила

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп има намера да соработува со Русија, но да ги гради односите од позиција на сила, изјави поранешниот градоначакник на Њујорк Рудолф Џулиани, еден од бајблиските помошници на Трамп.

Џулиани, кој е дел од групата ангажирана да го изврши трансферот на власта на новата админстрација, наведе дека Трамп сака да соработува со Русија во сферите во кои Вашингтон и Москва можат да работат заедно. Поранешниот градоначалник на Њујорк констатира дека на претседателот Барак Обама и поранешниот државен секретар Хилари Клинтон тоа не им пошло од рака, пренесува „Взгљад“.

„Не треба да се заборави дека Трамп планира да го прави тоа поинаку“, додава Џулиани. Тој потсетува дека републиканскиот претседателски кандидат ветил значително зајакнување на вооружените сили на САД.

„Тој (Трамп) ќе си има работа со Путин во услови кога неговата земја (САД) не ги намалува вооружените сили, туку значително ги зголемува до нивото на кое беа за време на Реган“, објасни помошникот на Трамп.

„Тие ќе се договараат за светот, но од позиција на сила“, изјави Џулиани. Тој исто така додаде дека Трамп не донел никакви одлуки за можното повлекување на силите на НАТО кои се наоѓаат во близина на границите со Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња