Берлускони: Трамп го сфати фундаменталното за односите со Русија

Доналд Трамп, кој беше избран за претседател на САД, ја сфати фундаменталната работа дека Русија мора да се смета за полноправно западна земја и несогласувањата со неа треба да се решаваат во духот на соработката и пријателството, изјави поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони.

„Трамп сфати нешто фундаментално: Руската Федерација треба да се смета за полноправно западна земја. Може да има несогласувања по одредени прашања, но тие мора да се решаваат во духот на соработката и пријателството“, изјави Берлускони во интервју за „Кориере дела Сера“.

Според него, Русија е потребна за заедничко решавање на проблемите на меѓународната сцена: од бранот исламски екстремизам до имиграцијата.

„Претседателот Путин досега ја демонстрираше својата способност да се справува со вонредните ситуации на нашето време порано и подобро од другите меѓународни лидери“, истакна тој.

Одговарајќи на прашањето зошто во САД на изборите победи Трамп, а Хилари Клинтон изгуби, Берлускони изјави дека Клинтон „плати“ за осумте години претседателствување на Барак Обама.

„Обама направи многу грешки, особено во надворешната политика, почнувајќи од поттикнувањето на тнр. „Арапска пролет“, неефикасното спротивставување на исламскиот фундаментализам и завршувајќи со контрапродуктивната напрегнатост во односите со Русија. Тој ги ослаби позициите на Америка и го направи светот понестабилно и поопасно место“, изјави 80-годишниот политичар.

Претходно унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека победата на Доналд Трамп на изборите во САД создава можности за намалување на тензиите меѓу Вашингтон и Москва.

Во четвртокот, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјави дека концептуалните пристапи на рускиот претседател Владимир Путин кон надворешната политика на Доналд Трамп се феноменално блиски, пишува „Взгљад“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња