„Офицерите на Научниот центар на силите за радијациска, хемиска и биолошка заштита (РХБЗ) во текот на извидувањето на околината во реонот „1070“ (југозападните предградија на градот Алепо), открија докази дека терористите применувале хемиско оружје против цивилното население и сириските војници“, изјави Конашенков.
Според него, војниците нашле неексплодирана артилериска муниција на терористите со отровни материи и зеле примероци од почвата на местото на нивната примена.
„По извршената експрес-анализа во мобилната лабораторија е утврдено дека отровните материи, со кои биле наполнети артилериските гранати на милитантите, со висока веројатност се хлор и бел фосфор“, истакна портпаролот на рускиот одбранбен ресор, пренесува РИА „Новости“.
Претходно беше соопштено дека заедничката мисија на ООН и Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) по истрагата на случаите за употреба на хемиски материи за воени цели во Сирија го прогласи Дамаск за одговорен за два од вкупно девет хемиски напади кои ги истражувале, додека еден од нападите бил извршен од страна на милитантите на терористичката организација „Исламска држава“. Во последниот извештај мисијата ги обвини сириските власти за уште еден хемиски напад. Експертите заклучија дека бил употребен токсичен гас во провинцијата Идлиб на 16 март 2015 година.
Како што изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Москва смета дека извештајот на ОЗХО за употребата на хемиско оружје во Сирија е корисен и е подготвена да помогне во истрагата.
Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин притоа истакна дека за поднесениот извештај „остануваат многу прашања“. Чуркин исто така потенцираше дека извештајот на мисијата на ОН и ОЗХО е недоволен за да се воведат санкции на Советот за безбедност на ОН против Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче