Извор во Министерството за надворешни работи на Русија потврди дека поранешниот американски амбасадор во Русија Мајкл Мекфол се наоѓа на списокот со американски државјани на кои им е забранет влез во Русија како резултат на рускиот одговор на американските санкции.
„Само што Мајкл Мекфол, како и секогаш, згреши: него го ставија на санкцискиот список не поради „блискоста со Обама“, како што напиша тој, туку поради активното учество во рушењето на билатералните односи и како континуиран лобист на кампањата за притисок врз Русија“, заклучи изворот во МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.
Соговорникот на агенцијата потенцираше дека дипломатот знаел дека се наоѓа на реципрочниот санкциски список.
„Ми потврдија дека сум на списокот со санкции на Кремљ и не можам да заминам за Русија“, претходно напиша Мекфол на „Твитер“, истакнувајќи дека се нашол на списокот поради „тесните врски со Обама“.
Поранешниот амбасадор не исклучува да му бил забранет влез во Русија уште во 2014 година, меѓутоа тој дознал деновиве, откако побарал руска виза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче