На YouTube почнаа онлајн читања на „Мајсторот и Маргарита“

На 11 и 12 ноември можете да го слушнете легендарниот роман на Булгаков во изведба на портпаролот на рускиот претседател, политичари, ѕвезди и обични луѓе.

На пладне по московско време на 11 ноември на веб-сајтот g.co/MasteriMargarita и на YouTube почна директен онлајн пренос од читањата на романот на Михаил Булгаков „Мајсторот и Маргарита“, заеднички проект на најстариот руско филмско студио „Мосфилм“, Google и Музејот на Булгаков во Москва.

Преносот ќе се врши од 11 градови, а главното место ќе биде филмскиот концерн „Мосфилм“, кој подготви интерактивни декорации со „зелен екран“, за да го задлабочи гледачот во атмосферата на романот. Во подготовката на визуелизацијата учествуваше екипа режисери која ја режираше церемонијата на свеченото отворање на Олимписките игри во Сочи.

Меѓу читачите нема само актери и обични луѓе кои се пријавија за учество, меѓу нив е и портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, новинарот Владимир Познер, министерот за култура Владимир Медински и првиот човек на „Сбербанк“ Герман Греф.

Вкупно за читање беа поднесени околу 2600 пријави.

Директорот на „Мосфилм“ Карен Шахназаров изјави дека му е мило што проектот привлекува огромен број на луѓе: „Се појавува нов вид на уметност на крстопатот на литературата, филмот и технологијата. Тоа е прекрасно. "

Карактеристика на читањата е употребата на видео формат од 360 степени во една од клучните сцени на романот – балот кај Сатаната.

Претходно Гугл веќе реализираше онајн-пренос на романот на Толстој „Ана Каренина“ и расказите на Чехов заедно со Московскиот уметнички театар „Чехов“. Исто така, минатата година се одржа телевизиски пренос во живо на романот-епопеја на Толстој „Војна и мир“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња