Како принципиелни прашања на кои Русија и Западот гледаат различно, германската министерка ги нарече присоединувањето на Крим и бомбардирањата на сириски Алепо.
„Доналд Трамп треба да разјасни на чија страна е: дали е на страната на вистината, светскиот поредок, демократијата или му е сеедно, и се занимава со своевидно воспоставување машко пријателство“, изјави фон дер Лаен во програмата на телевизијата ZDF.
Германската министерка исто така го предупреди Трамп да не се однесува спрема НАТО само како кон бизнис, само врз основа на прашањето на финансиите. За време на предизборната кампања во неколку наврати стој се залагаше за ревизија на односите на Вашингтон со сојузниците и зборуваше дека членките на Алијансата треба да платат „фер цена“ за обезбедување на својата безбедност.
„Се надевам дека неговите советници ќе ми кажат, и тој ќе разбере дека НАТО не е бизнис. Тоа не е компанија“, изјави министерката.
„Тоа не е нешто за кое може да се каже: минатото не ме интересира. Вредностите кои заедно ги претставуваме, не ме интересираат, наместо тоа ќе гледам колку пари можам да добијам и можам ли да направам добра зделка. Со земјата никој не управува така, и тоа, исто така, не е принцип на НАТО“, додаде таа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче