Сибирски уметник дослика слика на Леонардо да Винчи

Константин Дверин ја наслика сликата „Посветеноста на Леонардо да Винчи“, како обид да го доврши делото на Винчи „Поклонение на мудреците“.

Сликарот од Новокузнецк (околу 3,8 илјади километри источно од Москва) Константин Дверин ја наслика сликата „Посветеноста на Леонардо да Винчи“, која стана обид да го доврши делото „Поклонение на мудреците“, почнато од страна на генијот на Ренесансата во 1481 година а кое сега се чува во галеријата Уфици во Фиренца. Ова го соопшти Музејот на уметноста во Новокузнецк, каде што изложбата на сликата ќе трае до 24 ноември, пренесува РИА „Новости“.

Според новокузнецкиот уметник, на сликањето на неговата верзија на сликата претходела долготрајна подготвителна работа за проучување на животот и делото на Леонардо. Дверин детално ги проучил уметничките техники на Италијанецот.

„Јасно е дека ова е брилијантна идеја на гениј, и си помислив: дали некој се обидел не да ја доврши, ами да ја развие, да ја продолжи идејата? Никој за 540 години не се обидел да каже нешто на оваа тема. И тогаш си помислив – а што ми пречи мене?.. Ништо посебно не ми прели, освен, се разбира, величината на тоа името. Собрав смелост, храброст и се обидов да го направам тоа. Четири месеци работев, резултатот е пред вас“, им изјави Дверин на новинарите пред отворањето на изложбата.

Дверинвнесе на платното свои дополнувања: одраз на Витлеемската ѕвезда во изворот пред Марија, фигурите на Рафаел, Микеланџело, Ботичели и значително остарениот да Винчи во преден план. Следејќи ги традициите на сликарите од Ренесансата да се насликаат себеси и луѓето од своето опкружување, и Дверин ги стави на платното ликовите на своите пријатели и познаници.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња