Генерал-мајорот на полицијата Александар Прокопчук, кој ја предводи руската делегација на генералното собрание на Интерпол, е избран за потпретседател на оваа организација, соопшти извор во руската делегација. Според изворот, ова е првпат Русин да биде назначен на функцијата потпретседател од Европа по стапувањето на Русија во Интерпол пред повеќе од четвртина век, пренесува „Лента.ру“.
Прокопчук е избран со 127 гласа „за“, 10 „против“ и 8 „воздржани“. Новиот потпретседател има активно учествувано во работата на низа работни групи и Европскиот комитет на Интерпол, а пред две години беше избран за член на Извршниот комитет на Интерпол.
За претседател на Интерпол е назначен заменик-министерот за јавна безбедност на Кина Мен Хунвеи.
Во текот на последните четири дена, повеќе од 1,3 илјади претставници на 161 земја-членка на Интерпол на Бали дискутираат за три главни прашања – спротивставување на тероризмот, организираниот криминал и сајбер-криминалот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче