МО РФ одговори на писмото на ООН за хуманитарните паузи во Алепо

Хуманитарните паузи во Алепо се потребни за реална помош на населението, а не за обнова на борбената способност на терористите, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков.

Конашенков потврди дека рускиот претставник во Женева на 7 ноември добил писмо од помошникот на специјалниот пратеник на ОН за Сирија Јан Егеланд во кое се бара да се продолжи хуманитарната пауза во Алепо.

Според Конашенков, такви предлози се добиени во неколку наврати, но секој пат тие изгледаат како „обид да се најде нова причина за прекин на испораката на хуманитарна помош од ОН за жителите на Алепо“.

Тој додаде дека без било каква зависност од „хуманитарните паузи“, рускиот центар за помирување во последниве неколку месеци во Алепо доставил повеќе од 100 тони хуманитарна помош. „Покрај тоа, ниту една „хуманитарна пауза“ не беше воведена ненадејно“, потенцираше претставникот на Министерството за одбрана, пренесува РИА „Новости“.

Конашенков истакна дека за датумот и времето на секоја хуманитарна пауза, организирањето коридори за излез на цивили или милитанти, бројот на слободни автобуси, амбулантни возила, пунктови за топла храна, мерките на безбедност, официјалните претставници на ОН биле информирани однапред.

Според него, кој навистина сака да им помогне на луѓето од Алепо, тој тоа и го прави.

„Несомнено, „хуманитарните паузи“ се потребни. Но, да ги продолжуваме едноставно така, не за да обезбедиме вистинска помош за цивилното население, туку за да можат терористите подобро да ја обноват својата борбена способност, сметаме дека тоа е контрапродуктивно и спротивно на здравиот разум“, заклучи Конашенков.

Претходно Егеланд изјави дека за испорака на хуманитарна помош во Алепо е потребно „зелено светло“ од сите страни во регионот и неколку дена за реализација на операцијата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња