Стејт департментот на САД неколку пати последниве денови бараше телефонски разговор меѓу државниот секретар на САД Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, но потоа ги откажуваше, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Што се однесува до контактите (меѓу Лавров и Кери), разбирате, не е наша вина што телефонските разговори повеќе не ве радуваат. Иницијативата доаѓаше од американската страна. Последниве денови имаше барања од страна на Стејт департментот на САД за одржување такви разговори – околу трипати. Тие беа откажани од самите Американци“, изјави дипломатот на брифингот со новинарите, пренесува РИА „Новости“.
На почетокот на октомври шефот на руското МНР истакна дека годинава има одржано повеќе од 50 телефонски разговори и десетина лични средби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче