Медиум: Киев треба да се потруди за да го убеди Трамп во руската закана

Украинските власти се плашат дека новиот американски претседател ќе избере „топли врски“ со Москва, а не поддршка за Киев. Дотолку повеќе што Трамп во текот на предизборната кампања веќе ја нарече Украина „хаос“, пишува „Политико“.

Победата на кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп на изборите во САД значи за украинските власти „страв и осаменост“, пишува „Политико“.

Украинските власти се плашат дека новиот американски претседател ќе избере „топли врски“ со Москва, а не поддршка за Киев. Дотолку повеќе што Трамп во текот на предизборната кампања веќе ја нарече Украина „хаос“, потсетува изданието.

Како што напиша на својот „Твитер“ поранешниот американски амбасадор во Русија Мајкл Мекфол, Украина загуби од победата на Трамп најмногу од сите, и сега единствениот излез за неа е да продолжи со реформите и да побара поддршка од Европејците. Но, ЕУ е задлабочена во своите проблеми – излегувањето на Велика Британија и сѐ поголемото влијание на „популистичките партии“, потсетува „Политико“.

Трамп има „комплицирана историја“ на односите со Украина. Шефот на неговиот изборен штаб Пол Манафорт соработуваше со поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, но поради скандалот што следеше Манфор мораше да си даде оставка, се вели во материјалот. А и Трамп нема намера да ја поддржува Украина како што тоа го правеше Барак Обама и неговата администрација – во текот на предизборната кампања тој дури и изјави дека е подготвен да го разгледа прашањето за признавање на Крим.

Сега украинските власти се надеваат дека политиката на Трамп „нема да се заснова на неговите изјави за време на изборната кампања“.

„Неговите одговори за Украина беа импровизација - тој едноставно не беше подготвен да одговара. Тој не е традиционален политичар“, ја цитира „Политико“ шефот на комитетот на Врховната рада на Украина за надворешни работи Ана Гопко.

По неочекуваните резултати од изборите „украинските власти се обидоа да се преправаат дека сѐ е во ред“, а претседателот Петро Порошенко му ја честиташе победата на Трамп. Притоа некои украински политичари „јурнаа да се откажат од своите поранешни антитрамповски ставови“. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков го избриша од „Фејсбук“ постот во кој ги критикуваше републиканците, а шефот на Радикалната партија Олег Љашко ја избриша од социјалните мрежи пораката дека победата на Трамп е „катастрофа“, потсетува изданието.

Според Ана Гопко, украинските лидери ќе мора да „се потрудат“ за да му ја објаснат на Трамп позицијата на Украина и заканата што ја претставува Русија. „Да се ​​биде пријател на Путин - не е во негов личен интерес и е во спротивност со интересите на САД“, смета таа. Според Гопко, Киев „се плаши да се препушти на стравот“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња