Европската унија веројатно ќе ги продолжи санкциите против Русија поради ситуацијата во Украина, но во иднина тоа може да стане уште попроблематично, доколку претседателот на САД Доналд Трамп ги подобри односите со Москва, соопштува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на европски дипломати.
Изворите на агенцијата истакнуваат дека очекуваат ЕУ да ги продолжи антируските санкциите до стапувањето на Трамп на должност во јануари 2017 година.
„Продолжувањето на санкциите сѐ уште треба одржи во декември. Во Украина нема промени. Фактички, нема спор за тоа да не се продолжуваат. Но по инаугурацијата на Трамп – кој знае каде тој ќе нѐ однесе? Сѐ може да се усложни“, изјави еден од изворите.
Како што изјавија двајца други дипломати, ако односите меѓу Русија и САД навистина се подобрат, тоа може да има влијание врз единството на ЕУ по прашањето на санкциите.
„По инаугурацијата на Трамп во јануари, ако односите со Путин се обноват, тоа ќе ги продлабочи несогласувањата во ЕУ по повод Русија, по што задржувањето на санкциите ќе стане попроблематично“, изјави дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче